Зголемување на прометот и добивката во 2012 година очекуваат повеќето членови на Македонско-германското стопанско здружение. Ова го покажуваат резултатите од анкетата во Македонија спроведена меѓу 154 компании во првиот квартал од 2012. Вкупно 33 отсто од испитаните планираат да го зголемат бројот на вработени, а 15 проценти предвидуваат намалување, 52 отсто ја оценуваат актуелната економска состојба како добра или задоволителна, но прогнозите за нејзин развој се попесимистички од лани, 13 отсто сметаат дека перспективите за тековната година се подобри, додека 28 проценти очекуваат влошување. Според истражувањето, преку 80 отсто од фирмите се задоволни од својата деловна состојба во Македонија. Во споредба со минатата година, Македонија, како место за инвестирање е перципирана попозитивно, 74 отсто од анкетираните фирми повторно би вложувале во земјава.
Зголемување на прометот и добивката во 2012 година очекуваат повеќето членови на Македонско-германското стопанско здружение.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата во Македонија спроведена меѓу 154 компании во првиот квартал од 2012.
Вкупно 33 отсто од испитаните планираат да го зголемат бројот на вработени, а 15 проценти предвидуваат намалување, 52 отсто ја оценуваат актуелната економска состојба како добра или задоволителна, но прогнозите за нејзин развој се попесимистички од лани, 13 отсто сметаат дека перспективите за тековната година се подобри, додека 28 проценти очекуваат влошување.
Според истражувањето, преку 80 отсто од фирмите се задоволни од својата деловна состојба во Македонија.
Во споредба со минатата година, Македонија, како место за инвестирање е перципирана попозитивно, 74 отсто од анкетираните фирми повторно би вложувале во земјава.
„Среќни сме што нашите членки ја гледаат оваа земја како атрактивно место за инвестирање во споредба со други држави во регионот. Разбирливо е, а тоа го потврдуваат и резултатите од анкетата, дека меѓу компаниите се' уште постои скептицизам во однос на заздравувањето на македонското стопанство, а тоа постои и кон најважните извозни пазари“, рече на вчерашната прес-конференција Михаел Шмит од Управниот одбор на Македонско-германското стопанско здружение.
И покрај позитивните деловни перспективи, критикувани остануваат правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните тендери. Недостатоци се посочени и во борбата против корупцијата и организираниот криминал, лошиот платежен морал и ниската ликвидност на стопанството.
Анкетата ја реализираа Унијата на германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје и Македонско-германското стопанско здружение. Меѓу испитаните, 38 отсто се фирми од трговска дејност, 33 отсто се од услужните дејности, 9 проценти се производни компании, а 3 отсто се од секторот енергетика.